News

Провладини протести во Русија (Sa, 28 Jan 2012)
Руската полиција соопшти дека 15.000 лица се собрале на провладини протести во градот Јекатеинбург, со цел да ја подржат кандидатурата на Владимир Путин за уште еден мандат во  рускиот Кремљин. Маршот наводно го организирале провладини синдикални организации а на собирот присуствувале работници. Провладиниот протест се случува по серија демонстрации против Путин на кои учествуваа припадници на руската средна класа.
>> mehr lesen

Парични награди од 6.000 евра за ракометарите (Sa, 28 Jan 2012)
Владата на Република Македонија, преку Агенцијата за млади и спорт ќе ги награди ракометарите за освоеното 5-то место на Европското првенство во ракомет во Србија со по 6.000 евра на секој во тимот, јавија медиумите. Дополнително, согласно донесените претходни акти, во следните две години ракометарите ќе добиваат месечно по 27.000 денари.
>> mehr lesen

Реџепи: Помина времето за референдум на Косово (Sa, 28 Jan 2012)
Косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи изјави дека времето за референдум на Косово е одамна поминато, како и дека косовските власти нема да реагираат на неговото одржување во северниот дел на Косово. „На крајот Србите во северниот дел на Косово можат да одржат референдум, но тоа нема да има никакви правни последици. Ние тоа целосно ќе го игнорираме” рече Реџепи за радио КИМ. Во однос на спроведувањето на договорот за слободно движење, кој е постигнат на дијалогот меѓу ...
>> mehr lesen

Уапсени тројца опозиционери во Казахстан (Sa, 28 Jan 2012)
Тројца претставници на опозициската Национална социјал демократска партија биле уапсени за време не протестите во Казахстан, јави казахстанскиот сервис на Радио Слободна Европа. Еден опозиционер бил казнет за организирање на протестите. Медиумите различно го проценуваат бројот на демонстранти кои протестираат во Казахстан денеска. Некои јавуваат дека се собрале 300 додека други известуват дека 1.000 луѓе изразуваат незадоволство од претседателот Нурсултан Назарбаев на централниот плоштад во ...
>> mehr lesen

Лазаров е „Кирил Велики“ пишуваат чешките медиуми (Sa, 28 Jan 2012)
Не само што аутсајдерите од Македонија во петокот обезбедија сензационално учество на квалификациите на следните Олимписки игри, туку и нивниот ракометар Кире Лазаров го надмина рекордот на давање голови на сите европски шампионати, пишува денеска чешкиот весник „Млада фронта днес“. Цитирајќи ја изјавата на Лазаров дека зад постигнатиот успех на македонската репрезентација стои целата екипа, весникот коментира дека „искрено без него би одело потешко“, јави дописникот на МИА од Прага. Лазаров е ...
>> mehr lesen

Британија ќе се придржува до планот за повлекување од Авганистан (Sa, 28 Jan 2012)
Британскиот премиер Дејвид Камерон потврди дека Обединетото кралство ќе се придржува до планот за повлекување на своите војници од Авганистан до крајот на 2014 година. Камерон ја даде изјавата по средбата со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи. Премиерот изјави дека Британија сака да има „долготрајна соработка” со Авганистан и по повлекувањето на британските војници, „до крајот на 2014 година”. Средбата се случува еден ден откако Карзаи се сретна со францускиот претседател Николас Саркози, ...
>> mehr lesen

Илјадници граѓани ги пречекаа ракометарите на плоштадот (Sa, 28 Jan 2012)
На плоштадот „Македонија“ попладнево илјадници граѓани ги пречекаа ракометарите кои на Европското првенство во Србија го освоија петтото место и обезбедија учество во квалификациите за Олимписките игри во Лондон. На градскиот плоштад, спортистите беа поздравени од претседателот Ѓорге Иванов кој во наредните денови ќе им додели „Медал за заслуги“, премиерот Никола Груевски, министри и пратеници. Претходно, на граничниот премин Табановце тие беа пречекани ...
>> mehr lesen

Арапската лига ги прекина активностите во Сирија (Sa, 28 Jan 2012)
Арапската лига соопшти дека мониторинг мисијата на организацијата во Сирија е замрзната поради ескалацијата на насилството во земјата. Во соопштението на Лигата се наведува дека активностите на 100 набљудувачи во Сирија престанува од денеска. Шефот на Арапската лига Набил Елараби и премиерот на Катар се на пат до Њујорк, каде ќе побараат помош од Обединетите нации за спроведување на планот за прекин на кризата во Сирија. Нивната посета се случува во услови кога Советот за безбедност при ...
>> mehr lesen

Ставрески најави намалени трошоци за фирмите (Sa, 28 Jan 2012)
Мерките што Владата ги најави за стопанството ќе овозможат дополнително намалување на трошоците за фирмите, забрзување на процедурите за добивање документи и поедноставување во делот на добивање градежни дозволи, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Тој најави дека ќе се направат и напори заедно со ЕВН да се намали и цената на приклучокот за електрична енергија и да се скрати времетраењето што е потребно за да се добие тој приклучок, бидејќи многу компании се жалеле на ...
>> mehr lesen

Претставници на Обединетите нации во посета на Иран (Sa, 28 Jan 2012)
Претставници на Нуклеарната агенција при Обединетите нации денеска отпатуваа за Иран, каде ќе учествуваат на разговори за загриженоста на меѓународната заедница за можно производство на нуклеарно оружје во Техеран. Шефот на Интернационалната агенција за атомска енергија Херман Накаертс во Виена изјави дека дијалогот одамна касни. Уште од 2008 година официјален Техеран одбиваше во целост да соработува со Агенцијата при Обединетите нации и демантира дека во рамки на иранската нуклеарна програма ...
>> mehr lesen

Седуммина Сиријски војници убиени во заседа (Sa, 28 Jan 2012)
Сиријските државни медиуми јавија дека седуммина војници загинале во заседа. Новинската агенција „Сана” јави дека терористичка група го извршила нападот врз автобусот на војниците во близина на Дамаск. Терминот „терористи” често се употребува кога се мисли на бунтовниците. Инцидентот се случи откако бунтовничи групи на поранешни припадници на сиријската војска им се придружија на анти-владините демонстранти. Сиријските активисти, од друга страна, тврдат дека припадници на војската убиле 11 лица ...
>> mehr lesen

Ракометарите пристигнаа во Македонија (Sa, 28 Jan 2012)
Направивме историски успех, успех на нашиот спорт. Тоа го направивме со заеднички сили на нашиот стручен штаб и со вашата огромна поддршка, изјави капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров, по пристигнувањето на граничниот премин Табановце. „Вие бевте нашиот осми играч и се надевам дека и во иднина ќе продолжиме така. Го оставивме срцето  на терен, се боревме максимално и се надевам дека ќе продолжиме така” рече Лазаров. Селекторот Ѕвонко Шундовски нагласи дека и ...
>> mehr lesen

Киргистанските затвореници ги прекинаа протестите (Sa, 28 Jan 2012)
Киргистанските власти соопштија дека речиси сите затвореници го прекинале протестот во знак на незадоволство од затворските услови во земјата. Повеќе од 1.200 затвореници си ги сошија устите во знак на протест. Киргистанскиот омбудсман Сурсунбек Акун изјави дека затворениците „го прекинале протестот откако им било ветено дека нема да има дополнителен притисок од страна на стражарите”. Тој додаде дека протестот продолжил само во женскиот затвор во Степное.
>> mehr lesen

Груевски: Сите треба да се вклучат во лобирање за НАТО (Sa, 28 Jan 2012)
Сите треба да се вклучат во лобирање и во создавање на позитина клима и атмосфера, изјави премиерот Никола Груевски за идејата од Министерството за одбрана за засилена активност и лобирање на воените претставници во пресрет на Самитот на НАТО, што треба да се одржи во мај во Чикаго. Тој дополни дека воената дипломатија има добиено прецизни инструкции. „Македонија многу сериозно партиципира во активностите на НАТО и сигурно дека ќе направат се што е во нивна моќ” дополни премиерот.
>> mehr lesen

Грција одбива ЕУ да и го контролира буџетот (Sa, 28 Jan 2012)
Грција нема да дозволи контрола на нејзиниот буџет од страна на Европската Унија, како што предложила Германија во замена за наредниот пакет финансиска помош. Агенциите пренесуваат изјава на претставник на грчката влада кој рекол дека Грција нема да прифати такво нешто бидејки тоа било прашање на национален суверенитет. Фајненшел Тајмс денеска наведува дека според планот на Германија, претставник на министрите за финансии од евро-зоната би требало да има можност да стави вето на одлуките на ...
>> mehr lesen

Топлес демонстрантки притворени во Давос (Sa, 28 Jan 2012)
Три украински топлес демонстрантки биле притворени денеска во Давос, обидувајки се да упаднат на Светскиот економски форум, на кој учествуваат илјадници бизнис лидери и политичари. Демонстрантките сакале на тој начин да го свртат вниманието кон сиромаштијата во светот. Активистиките се од групата Фемен, која стана позната по тоа што нејзините членки го изразуваат својот револт за одредени прашања со појавување со голи гради.
>> mehr lesen

Обама ги повика Демократите и Републиканците на соработка во Конгресот (Sa, 28 Jan 2012)
Американскиот претседател Барак Обама ги повика денеска Републиканците и Демократите да соработуваат во Конгресот, да ги остават настрана своите лични амбиции и да работат заеднички за важните прашања. Во неделното радио и интернет обраќање, Обама оцени дека такитиката на опструкции е погрешна и оти и двете партии треба да ги подржат номинациите за правосудни и функциите за јавните сервиси во наредните три месеци.
>> mehr lesen

Протести на опозицијата во Казахстан (Sa, 28 Jan 2012)
Стотици подржувачи на опозицијата во Казахстан, протестираа денеска во Алма Ата против претседателот Нурсултан Назарбаев и резултатите од последните избори. Полицијата не интервенирала за време на протестот, но потоа биле приведени некои опозициони активисти. На изборите што се одржаа на 15-ти овој месец, 81 насто од гласовите освои партијата на Назарбаев. Меѓународните посматрачи оценија дека изборите не биле според демократските стандарди.
>> mehr lesen

Азаренко победничка на Аустрeлијан опен (Sa, 28 Jan 2012)
Викторија Азаренко, е победник на тенискиот турнир Аустрeлијан опен, во женска конкуренција. Во денешното финале, таа извојува лесна победа против Марија Шарапова со 2 спрема 0, по сетови 6:3 и 6:0. Со оваа победа Азаренко моментално е прва на ранг листата, меѓу тенисерките. Утре, во машкото финале на Аустралијан опен, ќе играат Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.
>> mehr lesen

Бунтовниците во Сирија уапсиле 7-мина иранци (Sa, 28 Jan 2012)
Сиријските бунтовници соопштија дека заробиле вкупно 7-мина иранци. Според претставник на армијата на бунтовниците, иранците биле уапсени во градот Хомс, а 5-мина од нив биле воени експерти од Иранската револуционерна гарда. Иранската државна агенција ИРНА во четвртокот јави дека 11 ирански аџии биле киднапирани во Сирија.
>> mehr lesen

Чавез сака да биде претседател уште 20 години (Sa, 28 Jan 2012)
Претседателот на Венецуела Уго Чавез, изјави дека сака да остане на функцијата до 2031-ва година. 57-годишниот Чавез, кој веќе 13 години е претседател на Венецуела, изјави дека земјата никогаш во 200-годишната историја, немала таков демократски прогрес како за време на неговото владеење.
>> mehr lesen

Лавров во Токио на разговори за Курилските Острови (Sa, 28 Jan 2012)
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Токио се состана со неговиот јапонски колега Коичиро Гемба. Разговорите биле фокусирани врз долгогодишниот територијален спор за Курилските Острови, но како што е соопштено, не бил постигнат напредок. Двајцата министри  размениле мислења и за безбедносни прашања, како и за кризата со нуклеарната програма на Северна Кореја.
>> mehr lesen

Стигна вода и гориво до Меѓународната вселенска станица (Sa, 28 Jan 2012)
Рускиот карго вселенски брод пристигнал на Меѓународната вселенска станица. Со него се транспортирани главно вода и гориво, а Русија моментално е одговорна за снабдување на вселенската станица, бидејки американската Спејс Шатл програма беше окончана во минатата година.
>> mehr lesen

Карзаи денеска во посета на Лондон (Sa, 28 Jan 2012)
Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи, кој е на турнеја низ Европа, денеска во Лондон ќе разговара со британскиот премиер Дејвид Камерон. Вчера во Париз, Карзаи и францускиот претседател Никола Саркози ја договорија времената рамка за предавање на воените операции во Авганистан, од силите на НАТО на авганистанските сили. Саркози изјави дека тоа би требало да се случи во 2013-та година, за кога е планирано и повлекувањето на француските трупи од Авганистан.
>> mehr lesen

Изгубени во лустрацијата (Sa, 28 Jan 2012)
Лустрацијата на пауза. Пропуштена шанса за прочистување или спречување на прогонот на неистомисленици?
>> mehr lesen

Британскиот принц Мајкл од Кент во посета на Македонија (Sa, 28 Jan 2012)
 Принцот Мајкл од Кент, член на британското кралско семејство, придружуван од висока бизнис делегација од денеска до 1 февруари ќе престојува во работна посета на Република Македонија на покана од премиерот Никола Груевски. Предвидено е тој да оствари средби со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Груевски и со министрите за надворешни работи и за култура Никола Попоски и Елизабета Канческа Милевска. Британската бизнис-група во Македонија соопшти дека во рамки на петдневниот ...
>> mehr lesen

Меѓу-етнички тензии во Струга (Sa, 28 Jan 2012)
Во Струга синоќа непознат сторител го запалил македонското знаме на јарболот пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, а друга група пак државното знаме од пред општинската зграда го заменила со муслиманско и албанско знаме. Во временски интервал од само два часа бил каменуван и автобус на вевчанскиот автопревозник „Сприја“ и тоа на излезот од селото Велешта. Како што соопштија од компанијата, патниците се исплашиле, а распрсканите стакла го повредиле возачот на автобусот.Од СВР ...
>> mehr lesen

Денеска пречек на ракометарите (Sa, 28 Jan 2012)
Агенцијата за млади и спорт денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје организра свечен пречек за ракометните репрезентативци на Македонија кои го освоија петтото место на Европското првенство во Србија и со тоа обезбедија учество во квалификациите за Олимписките игри во Лондон. ЈСП „Скопје“ и Град Скопје ќе обезбедат бесплатен превоз за 500 граѓани со 10 автобуси, кои во 11:30 часот од пред СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе тргнат да ги пречекаат ракометарите на граничниот премин Табановце ...
>> mehr lesen

Наши херои (Sa, 28 Jan 2012)
Бев еден од „армијата“ фанови кои тргнаа да ги бодрат нашите ракометари, опремен со знамиња, маици, шалови, пишува за РСЕ Дарко Давитковски - Претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.
>> mehr lesen

Спортот обединува (Sa, 28 Jan 2012)
Во Македонија деца пеат за бела раса, бело море. А на трибини некој користи еуфорија за да пушта пораки кои што сепак не го претставуваат националното, колективното чувство за оваа нова енергија, промена на нашата патека, пишува за РСЕ Диме Спасов - Претседател на Унија на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ
>> mehr lesen

Данска и Србија финалисти на ЕП во ракомет (Fr, 27 Jan 2012)
Данска и Србија ќе играат во финалето на ЕП што се одржува во Србија. Во полуфиналните натпревари што се одиграа денеска во Белград, Данска ја совлада Шпанија со 25-24, а домаќинот беше подобар од Хрватска со 26-22. Завршните натпревари на Европското првенство ќе се одиграат в недела. Шпанија и Хрватска ќе играат за бронзениот медал, а домаќинот Србија и Данска ќе се борат за шампионската титула. Претходно, во натпреварот за петтото место, Македонија ја победи Словенија со 28-27 и со ...
>> mehr lesen

Без договор како Косово да биде преставено на регионални форуми (Fr, 27 Jan 2012)
Посредникот од ЕУ во дијалогот Белград-Приштина Роберт Купер разговараше преку видео конференциска врска со шефот на приштинскиот преговарачки тим Едита Тахири, javi српската национална телевизија РТС. Според косовските медиуми, планираната вчерашна посета на Kупер на Приштина не била одложена само поради лошите временски услови, туку главна причина било што на средбата меѓу Купер и главниот српски преговарач Борислав Стефановиќ во средата во Белград не бил постигнат напредок ...
>> mehr lesen

Баросо - на сите начини да биде спречен банкрот на Грција (Fr, 27 Jan 2012)
Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо денеска апелираше да се стори се за да се спречи банкротот на Грција. - „Сметаме дека доколку нашите грчки пријатели го завршат својот дел од работата, ние треба да ги поддржиме, со оглед на тоа дека би било многу тешко не само за Атина, туку и за еврозоната, доколку Грција банкротира“, рече Баросо одговарајќи на новинарско прашање за неопходноста другите земји да ја зголемат помошта за поддршка на Атина.
>> mehr lesen

Саркози - французите ја продолжуваат мисијата во Авганистан (Fr, 27 Jan 2012)
Францускиот претседател Никола Саркози изјави дека Франција ќе ја продолжи тренинг мисијата, а силите од Авганистан ќе бидат повлечени според првичниот план на крајот на 2013 година. Саркози ова го изјави по средбата со неговиот авганистански колега Хамид Карзаи кој е во посета на Париз во обид да ги поправи односите откако авганистански војник уби 4 француски војници. Париз тогаш се закани дека пред време ќе ги повлече војниците од Авганистан.
>> mehr lesen

Амнести - да се испита насилството во Романија (Fr, 27 Jan 2012)
Амнести интернешенел ги повика романските власти да ги испитаат наводите за полициско насилство врз демонстрантите во текот на двете недели анти владини протести. Амнести се повикува на видео снимка на која се гледа како полицијата претепала две лица кои не се однесуваа насилно. Полицијата исто така испрскала со хемикалии човек кој лежел на земја.  Амнести побара од властите да спроведат "брза, независна, темелна и ефективна истрага." Властите презедоа истрага против четворица ...
>> mehr lesen

Груевски - кодошите се против вистината (Fr, 27 Jan 2012)
Премиерот Никола Груевски денеска оцени дека одлуката на Уставниот суд да се стопира лустрацијата за поранешни функционери, новинари, членови на организации, адвокати и медијатори е донесена под притисок на одредени фактори кои имаат интерес да се урне процесот. „Тоа се луѓе кои во минатото биле кодоши заради личен интерес, напредок во кариера или слично, а некаде и за пари“, изјави Груевски, и додаде дека тие не кодошеле луѓе кои биле против државата или терористи, туку кои имале ...
>> mehr lesen

Македонија ќе се бори за Олимпијада (Fr, 27 Jan 2012)
Со победата против Словенија, Македонија го освои 5 место на ЕП во Србија и го оствари најдобриот резултат во историјата.
>> mehr lesen

Репортери без граници: Твитер со лоша вест за онлајн изразот (Fr, 27 Jan 2012)
Меѓународната организација „Репортери без граници“ изрази загриженост поради соопштението на социјалната мрежа Твитер дека можеби ќе блокира постови на корисници од „специфични„ земји. За Репортети без граници тоа е „соработка со цензурата“ и лоша вест за интернет слободата и изразувањето. Твитер пак, вчера соопшти дека работи во земји со поинакви идеи за тоа што е слобода на изразот. Твитер оваа опција не е користел досега и ако ја користи тогаш ќе ги извести корисниците во тие земји дека ...
>> mehr lesen

Груевски: Грција не може да биде исклучок (Fr, 27 Jan 2012)
Македонија е подготвена за членство во НАТО уште од 2008 година, но е блокирана од Грција поради спорот за името. Грција не може да биде исклучок туку мора да ја почитува одлуката на Меѓународниот суд на правдата, бидејќи во спротивно тоа би било девалвирање на НАТО, изјави денеска во Битола премиерот Никола Груевски зборувајки за неговиот неодамнешен престој во седиштето на НАТО во Брисел. „Имаше и такви поединци кои што кажаа дека тоа е правно прашање, но кога правото е спротивставено со ...
>> mehr lesen

Хрватски навивачи без билети вратени од границата со Србија (Fr, 27 Jan 2012)
Српската полиција врати од граница еден автобус со хрватски навивачи, кои немале билети за натпреварот во полуфинале на шампионатот на Европа меѓу ракометарите на Србија и Хрватска. Според хрватските медиуми, моментално на пат кон Србија се четири автобуси со навивачи од Загреб, кои се предводени од „Бед блу бојс“. Кон колоната, која има полициска придружба во Жупањ се приклучи и еден автобус со навивачи од Босна и Херцеговина. Натпреварот Србија-Хрватска се игра од 20:15 часот во ...
>> mehr lesen

Дијалог Влада - Новинари продолжи (Fr, 27 Jan 2012)
Претставници на Здружението на новинарите на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници денеска, во рамките на дијалогот кој се води со Владата на Република Македонија, имаа средби и разговори со вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи и министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски. - На средбата од страна на ССНМ беа презентирани проблемите од работните односи за кои сметаме дека се приоритетни, аргументите заради кои бараме нивно брзо решавање како ...
>> mehr lesen

Во насилства во Северен Кавказ 13 загинати (Fr, 27 Jan 2012)
Руските власти соопштија дека најмалку 8 исламски милитанти, 4 руски војници и веројатно еден цивил загинаа во три одвоени инциденти во северно кавкаскиот претежно муслимански регион. Станува збор за инциденти во Ингушетија, Дагестан и Кабардино – Балкирија. Во овој регион се чести нападите на сепаратистички и на криминални групи.
>> mehr lesen

Белорусија - уапсен активистот за човекови права Воучак (Fr, 27 Jan 2012)
Полицијата го упаси познатиот активист за човекови права во Белорусија Алек Воучак под обвинение за хулиганство. Тој од мобилен телефон ги известил пријателите и колегите дека е одведен во центарот за пред судски постапки и дека судењето ќе биде одржано на 30 јануари. Воучак е поранешен инспектор на обвинителството во Минск а од 90 тите години на минатиот век е активист за човекови права.
>> mehr lesen

Аџиев - Уставен ја кочи лустрацијата (Fr, 27 Jan 2012)
Процесот е влезен во фаза каде што почнаа да излегуваат соработниците и веќе стана проблем за некого, па почнуваат со вакви иницијативи пред Уставниот суд, вели Томе Аџиев, претседател на Комисијата за верификација на факти.
>> mehr lesen

Оли Рен: наскоро договор за намалување на грчкиот долг (Fr, 27 Jan 2012)
Договорот со приватните кредитори за намалување на грчкиот долг треба да биде постигнат најдоцна до крајот на јануари, изјави еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен во Давос каде што се одржува Светскиот економски форум. Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле пак изјави дека не очекува банкрот на Грција. Тој додаде дека нивото на грчкиот долг не треба да биде над 120 насто од БДП во 2020 година.
>> mehr lesen

Бан ки Мун бара обнова на дијалогот со Иран (Fr, 27 Jan 2012)
Генералниот секретар на Обединетите нации Бан ки Мун кој учествува на Светскиот економски форум во Давос денеска побара обнова на разговорите меѓу западните сили и Иран околу нуклеарната програма на таа земја. Тој додаде дека главната одговорност за тоа лежи кај иранските власти. Преговорите се прекинати скоро една година, а оваа изјава на Бан ки Мун доаѓа во моментот кога тим на Меѓународната агенција за атомска енергија замина за Техеран во контрола на иранските нуклеарни постројки.
>> mehr lesen

Бесими: реално, до самитот на НАТО не се очекува решение за името (Fr, 27 Jan 2012)
Министерот за одбрана Фатмир Бесими на денешната средба со новинарите во Скопје најави интензивна дипломатска активност пред самитот на НАТО во Чикаго, а со цел валоризирање на напорите што го прави Македонија за полноправно членство во Алијансата. Неговите активности опфаќаат присуство на молитвениот појадок во САД, посета на НАТО во Брисел и учество Конференцијата за безбедност во Минхен. Тој на 6 февруари ќе престојува во работна посета на Белград, како и посета на Мултинационалната мировна ...
>> mehr lesen

Во Скопје изложба за Меѓународниот ден на холокаустот (Fr, 27 Jan 2012)
Во Меморијалниот музеј на холокаустот во Скопје е отворена изложба на 16 наградени постери од конкурс за дизајн на студенти од Чешка, Франција и Израел, на тема „Холокауст: зачувување на сеќавањето,, која на денешниот Меѓународен ден на холокаустот се отвора во 90 градови во светот. Поттема на изложбата е „Децата на холокаустот,, а нејзина цел е да се подигне свеста за значењето на овој ден кој е прогласен од Обединетите нации во 2005 по повод 60 години од ослободувањето на нацистичкиот логор ...
>> mehr lesen

Укината патната такса за македонските превозници во Србија (Fr, 27 Jan 2012)
Македонските превозници од следниот месец нема да плаќаат патна такса за влез и за транзитирање низ територијата на Србија. Патната такса која се укинува целосно во изминатиот период достигнуваше и до 80 долари, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски. Министерството за финансии на Србија донесе одлука за укинување на патната такса за македонските превозници на барање на македонската Влада, а ќе се применува од 1 февруари годинава.
>> mehr lesen

Бугарија најави повторен извоз на струја за соседите (Fr, 27 Jan 2012)
Бугарија од денеска ќе го продолжи извозот на електрична енергија кон балканските соседни земји што беше прекинат пред една недела поради штрајк во три рудници за јаглен. Ова денеска го соопшти бугарското министерство за стопанство и енергетика. Меѓу земјите кои увезуваат бугарска струја се Македонија, Србија, Грција и Турција. Бугарија годишно извезува 10 милијарди киловат часови електрична енергија.
>> mehr lesen

OUR NAME IS MACEDONIA

OUR NAME IS MACEDONIA

MACEDONIAN VIDEO

Pages to the People

Radiostation

VLC media player

 

MIT DIESEN MULTITALENTPLAYER DER ALLE FORMATE SOWIE AUDIO UND VIDEO EUCH AUF DEM DISPLAY AUFSPIELT EIN ALLESKÖNER EINFACH HIER KLICKEN: DOWNLOAD

Partner

LIVESCORE BET TIP LIVE
Counter